Борби во Либан
20 мај 2007Реклама
Во либанското пристаниште Триполи дојде до тешки борби меѓу војниците и милтантните исламисти. Според информациите на полицијата, притоа биле убиени најмалку 19 лица, меѓу нив 11 војници. Борбите почнале кога полицијата во потрага по ограбувачи на банка, нападнала еден стан што им припаѓал на исламистите. Според информациите на либанската влада, станува збор за припадници на просириската група „Фатах ислам„.