1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба за превласт во една поделена земја

АТ/ дпа/ афп8 февруари 2013

Два дена по убиството на опозициониот политичар Шокри Белаид илјадници луѓе во Тунис присуствуваа на неговиот погреб. Истовремено најголемиот синдикат во земјата повика на генерален штрајк.

https://p.dw.com/p/17aqY
Фотографија: Reuters

Сообраќајот запре во многу градови на земјата, продавниците, супермаркетите и кафулињата останаа затворени. Во центарот на главниот град Тунис присутна беше и армијата, за да спречи евентуална натамошна ескалација на ситуацијата. Најголемиот синдикат во земјата ги повика своите 500.000 членови да ја положат работата. „Ова е мирен штрајк против насилството“, соопшти синдикатот, кој заедно со четири опозициони партии повика на генерален штрајк.

Убиството на опозициониот политичар Шокри Белаид, кој во Тунис се сметаше за жесток критичар на владата, го предизвика последниот протестен бран во оваа северноафриканска земја. На неговиот погреб се собраа илјадници луѓе.

Од средата Тунис се наоѓа во тешка владина криза. Ширум земјата се одржуваат масовни протести. Полицијата употреби солзавец за да ги разбие демонстрациите. Премиерот на земјата Хамади Џебали е една од централните точки околу која се води спорот. Со оглед на немирите меѓу граѓаните тој предложи да се формира влада со непартиски експерти. Но, владејачката Енада партија го одби ваквиот предлог оценувајќи дека премиерот делувал самостојно и без претходно усогласување со ставовите на партијата. На земјата и натаму и е потребна влада, во која ќе седат и политичари, се вели од партијата.

Енада одби секаква соодговорност за смртта на опозициониот политичар. Неговото семејство и политичките истомисленици претходно ја префрлија одговорнсота за атентатот врз исламистите.