1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба за моќ во Северна Кореја?

СН/бг/афо/миа/дпа3 декември 2013

Тајната служба на Јужна Кореја верува дека моќниот тетин на севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун , кој долго важеше за „сива еминенција“ во Пјонгјанг бил сменет од неговите функции во минатиот месец.

https://p.dw.com/p/1ASLF
Фотографија: Reuters/Kyodo/File

Тетинот и политички ментор севернокорјескиот челник Ким Јонг Ун, сивата еминенција во Пјонгјанг, е сменет а неколку негови соработници се стрелани, објави денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхаб, повикувајќи се на информации на јужнокорејските разузнавачки служби.

Влијателниот 67-годишен Јанг Сонг Таек, е сменет од функцијата заменик претседател на Националната комисија за одбрана најмоќниот орган за одлучување во комунистичката Северна Кореја, рекол еден јужнокорејски пратеник во текот на дискусијата во комисијата парламентот на Јужна Кореја.

Јанг е сменет од позицијата, а двајцата негови блиски соработници Ри Јонг Ха и Јанг Су Кил јавно се погубени околу средината на ноември, прецизирала јужнокорејскиот парламентарец Јунг Чоенг Ра. Според друг пратеник, тие биле погубени поради „дејствување против партијата“.

„По смената, Јанг Сонг Таек исчезнал“, изјави пратеникотЈунг кој изјави дека информациите ги добил од Јужнокорејската Национална разузнувачка агенција.

Јанг Сонг-Таек беше сменет веќе еднаш во 2004 година за време на владеењето на таткото на сегашниот севернокорејски челник, Ким Јонг Ил, но беше вратен на функцијата две години подоцна. Јанг е оженет со Кионг Хуи, тетка на сегашниот лидер Ким-Јонг Ун.

Досега нема никакви официјални информации од Северна Кореја за судбината на Јанг, и не е возможно информациите да бидат потврдени од независни извори.