1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борбата за моќ во Палестина – завршена!?

28 јули 2004

Израелскиот амбасадор во Германија, Шимон Штајн, од ЕУ бара корекција на курсот во политиката кон Блискиот исток. ЕУ го зголемува дефицитот на довербата што ја има кај Израел, изјави Штајн за ”Ноје Оснабрикер Цајтунг”. Според него, Германија мора да работи повеќе на отстранување на про-палестинската позиција која се повеќе се зголемува кај дел од членките на унијата. А, во палестинските автономни територи

https://p.dw.com/p/AcMA
Арафат и Кореи
Арафат и КореиФотографија: AP

и, завршница на интерната борба за моќ од последните десет дена

Палестинскиот премиер, Ахмед Кореи, ја повлече оставката. Тој заедно со палестинскиот лидер, Јасер Арафат, се појави пред новинарите насмеан. Разбирање е постигнато и тоа двајцата сакаа да им го стават на знаење на светот и на луѓето во палестинските подрачја. Кореи останува на функцијата премиер. Арафат ја одби неговата оставка и тој ќе се држи до тоа, рече Кореи.

”Се согласив и сега ќе видиме натаму.”

Какви договори постигнале двајцата останува отворено. Шефот на штабот на премиерот изјави дека владата ја задржала моќта што и е потребна за исполнување на обврските. Се говори за декрети и заклучоци кои наскоро трба да бидат објавени. Според извори во палестинската влада, Арафат се согласил да му ја пренесе на премиерот одговорноста за полицијата и безбедносните служби. Но, за воените сили и тајните служби и натаму е надлежен шефот на ПЛО. Вакви договори имаше и во минатото, но досега не се применети. На прашањето на новинарите дали моќта во врвот на автономните власти не треба да биде повеќе поделена, Кореи одговори дека не сака со Арафат да преговара за власт, зашто власт има доволно за сите.