1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бомби во Истанбул

Улрих Пик28 јули 2008

Трагичниот биланс од експлозиите е 15 загинати и околу 150 ранети луѓе - најверојатно само привремен биланс, оти се очекува бројот на жртвите да расте.

https://p.dw.com/p/Ekzl
Истанбул по експлозиитеФотографија: AP

Во Истанбул имаше две експлозии. Во почетокот се велеше дека можеби станува збор за експлозии на гас, сега се смета дека сепак веројатно се терористички напади. Таква формулација употреби гувернерот на Истанбул Муамер Гилер во синоќешната (27.07.08) изјава за телевизијата.

Експлозиите се случија синоќа околу 22 часот во европскиот дел на градот, во пешачка зона на улица со продавници, на која имало релативно многу минувачи. Прво експлодирала бомба поставена во корпа за отпадоци покрај телефонска централа, а петнаесетина минути подоцна, кога многу луѓе дошле на местото на настанот, одекнала и втората експлозија. Страхувајќи од можна трета детонација, полицијата блокира поширока зона околу местото на нападите.

Првите претпоставки во однос на мотивите одат во насока кон милитантната курдска организација ПКК. Во прилог на тоа зборуваат многу елементи, иако нема докази. Во изминатите години, на пример, ПКК повеќепати подметна по две бомби во населени области, кои експлодираа една по друга на одредена временска разлика. Покрај тоа, ноќта спроти недела турската армија започна голема офанзива со напади од воздух против позиции на ПКК во северен Ирак и извести за 12 погодени цели. Во претходните денови армијата повеќе пати зборуваше за успешни удари против курдската терористичка организација.