1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божикните митови и легенди во Германија

К.Фајл/ С.Недевски25 декември 2013

Од каде потекнуваат најтипичните германски божикни традиции? Тоа се запраша и писателката Клаудија Вајнгартнер и откри неверојатни работи.

https://p.dw.com/p/1AgHC
Фотографија: Kurfürstendamm©visitBerlin/Scholvien

Бисквити со зачини, божикна елка, Дедо мраз и поштенска филијала за ливчиња со желби - вака изгледа типичен германски божиќен панаѓур. Меѓутоа од каде потекнуваат овие традиции?

Токму со тоа се занимава оваа жена. Клаудија Вајнгартнер е писателка од Минхен. Во нејзината актуелна книга „ Сѐ се само митови“, таа тргнува по трагата на потеклата на германските и европските божикни обичаи.

Едно од централните прашања, кое пред сѐ ги преокупира децата, гласи: Од каде доаѓа Дедо мраз?

Точно е дека за облеката на Дедо Мраз влијаел и американскиот илустратор Хедон Сандблом, кој во 1935 година ја илустрирал божикната кампања на Кока Кола.

Deutschland Adventskalender Nikolaus Weihnachtsmann
Фотографија: picture-alliance/H. Lade

Местото на живеење на Дедо Мраз, во тоа се барем Финците сигурни, се наоѓа во Рованиеме среде Лапонија. Во 2010. година малиот град се регистрира кај Европската унија како „официјално место на живеење на Дедо Мраз“.

„Дедо Мраз во никој случај не бил измислен од Кока Кола и не доаѓа од Северниот пол, туку тој е роднина на Свети Никола. А Свети Никола Холанѓаните го земале со себе во Америка и од таму се здоби со светска слава“, вели Клаудија Вајнгартнер

Прашање број два: Дали Божик е навистина празник на љубовта?

Според една студија, кај 21 процент од Германците владее напрегнатост под божикната елка. Главна спорна точка, покрај божикната декорација и поделбата на работните задачи, е и прашањето, каде да се поминат празничните денови. Својот назив празникот на љубовта сепак не го носи залудно.

„Девет месеци по Божик се раѓаат далеку повеќе бебиња отколку во останатите месеци од годината. Значи, мора да има нешто во тоа што Божик е празник на љубовта.“ , вели писателката и познавач на божикните обичаи Клаудија Вајнгартнер.

Bildergalerie Deutschland Weihnachtsfest
Фотографија: picture-alliance/dpa

Прашање број три: Дебелее ли Божик?

Експертите за исхрана се единствени во ставот дека незаситените мрсни киселини во божикните пецива не се добри за здравјето. И покрај тоа, повеќето луѓе не се здебелуваат неминовно за Божик.

„Божик не дебелее, така барем вели една британска студија, според која и мажите и жените се здебелуваат само за околу 400 грама. А, божикните пецива се и многу здрави, зашто нивните состојки, како непросеаното брашно, бадемите, лешниците вистински даваат енергија и придонесуваат да се зачуваат нервите во време на Божик.“, вели Вајнгартнер.

Feuerzangenbowle
Фотографија: Fotolia/Dana Krimmling

Жените сакаат накит, а мажите си посакуваат техничка стока - така гласи вообичаеното клише. Меѓутоа, што стои навистина на ливчето со желби на Германците?

Според анкета на Друштвото за истражување на потрошувачката, Германците годишно даваат по околу 290 евра за божикни подароци. Пред играчките, накитот и техничката стока, на божикното ливче изненадувачки стојат и други желби.

„Кај подароците за Божик и добрата стара книга под елката е истотака многу омилена кај Германците. Значи, не мора секогаш да биде накит за жената и техничка играчка за мажот.“, истакнува Клаудија Вајнгартнер.

Deutschland Weihnachten Schwarzliste der Weihnachtsgeschenke
Фотографија: BilderBox

Прашање број пет: Зошто во Германија се даваат подароци на 24. декември?

Во повеќето европски земји подароци се даваат на 25 декември. Наспроти тоа, Германците едноставно не можеле да се стрпат, раскажува Клаудија Вајнгартнер.

„Всушност никој не знае кога бил роден Исус, сепак црковниот врв некогаш донесол одлука за тоа и го утврдил 25. декември. Во Германија луѓето со задоволство времето за чекање до одењето в црква го минувале во гостилници. Согласно на тоа, тогаш и в црква се однесувале весело. Затоа властите во некои места богослужбите ги повлекле понапред.“.

Така Дедо Мраз и годинава подароците, барем во Германија, ќе ги достави под божикните елки точно на 24. декември.