1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божикен бизнис - песмистички очекувања

Сабине Кинкарц29 ноември 2007

Во минатото лето светот се уште беше во најдобар ред. Дури и Германците ги одврзаа кесињата и купуваа повеќе. Меѓутоа, сега тоа задоволство повторно им е горчливо:вината е во порастот на цените за храна и енергија.

https://p.dw.com/p/CUTw
Колкумина ќе се откажат годинава од купување подароци?Фотографија: AP

Добри зделки е тоа што на малопродажбата и е итно потребно. 2007 година досега се одвиваше добро и до септември браншата имаш плус од 1,4 процент во однос на претходната година, но на крајот есапот може да биде и минус два. Тоа ќе зависи и од претстојниот промет за Божик според кој ќе се мерат резултатите за оваа година.

Во минатата тој изнесуваше 75 милијарди евра. Претседателот на здружението на германската малопродажба Јозеф Занктјохансер: „Нема никаква причина за претеран оптимизам кога станува збор за бизнисот пред божикните празници. Првите недели во ноември минаа многу воздржано. Сега почнува жешката фаза за која фирмите сметаат на многу подобар тек„.

Дел од трговците стравуваат од слаб промет

Во една актуелна анкета, само една третина од фирмите искажаа оптимизам, една четвртина страхуваат дека и покрај топлото вино, колбасите и живата музика, продолженото работно време и сервисот за пакување подароци, прометот ќе биде слаб.

Штефан Гент од комората на малопродажбата смета дека одговорна за се е стапката на инфлација:„Цените во малопродажбата во октомври пораснаа за 1 ипол насто, односно за половината од стапката на инфлација.Се разбира дека ни пречи и порастот на цените на енергијата, нафтата за домаќинствата и бензинот. Ќе беше подобро да е обратно, иако треба да се каже дека производите за Божик не се погодени од зголемувањето на цените на спомнатите продукти, ниту пак од зголемувањето на данокот на додадена вредност„.

Комората се надева подобро да биде во наредната година

Со 2,7 милиони вработени, малопродажбата смета на промет од 400 милијарди евра, што би бил реален плус од 0,75 проценти. „Прометот ќе се зголеми, но не и добивките. Вината за тоа е во реформата на даноците што ќе стартува од почетокот на идната година. За најголемиот број фирми данокот ќе изнесува повеќе од добивките„.

Најдобро им оди на трговците кои освен преку продавниците, продаваат и преку интернет. Онлајн трговијата расте натпросечно. Во оваа година се смета на промет од 18 милијарди евра од што една третина отпаѓа на божикниот бизнис. Во наредната година се планираат преку 20 милијарди, што би бил плус од 9 проценти.