1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Богослужба во спомен на принцезата Дијана

31 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BaA7

Британското кралско семејство и околу 500 гости денеска присуствува на богослужба во Лондон по повод десет години од смртта на британската принцеза Дијана. Комеморацијата ја организираа нејзините синови, принцовите Вилјам и Хари. 36 годишната Дијана, која уште додека беше жива беше наречена “Принцеза на срцата“ и нејзиниот љубовник, Доди ал Фајед загинаа на 31 август 1997 година во автомобилска несреќа во тунел во Париз. Автомобилот бил следен од папараци.