1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Блиц“: Германија бара Србија да потпише договор со Косово

СН/АМ/блиц/мф/бета7 октомври 2012

Српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на дипломатски извори, јавува дека Германија притиска во заклучоците од извештајот на Еврпската комисија да се вметне нов услов за натамошната евроинтеграција на Србија.

https://p.dw.com/p/16Lvw
Фотографија: Reuters

Барањето Србија да потпише некој вид договор или меморандум со Косово, за нормализација на меѓусебните односи, би можело да се најде и во заклучоците на Европската комисија, што ќе бидат објавени во извештајот за напредокот на 10 октомври, јавува најчитаниот српски дневен весник „Блиц“ повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

„Блиц“ тврди дека допро упатени извори блиски до бриселската администрација за весникот изјавиле дека германскиот притисок во официјалниот документ на ЕК да се вметне нов услов за Србија поврзан со натамошниот напредок во европските интеграции во последно време е многу засилен.

Заклучоците, односно препораките на ЕК сe’ уште не добиле дефинитивен облик, но изворите на „Блиц“ тврдат дека во нацрт документот, на барање на Германија, е вметната обврската Србија за нормализација на односите со Косово да се обврзе во писмена форма.

Од кабинетот на еврокомесарот Штефан Филе ниту потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација.

„Властите во Белград сега спротивно на очекувањата, се колебаат да одредат преговарач кој ќе го води дијалогот со Приштина од српска страна. Впечаток е дека на масата за разговори не сакаат да седнат ни премиерот Дачиќ, ниту претседателот на Србија Томислав Николиќ и оти се обидуваат сето да го префрлат на повеќе министри или на шефот на делегацијата задолжена за техничките преговори. Последните изјави на Николиќ за тоа дека во ЕУ нема да брзаат и оти Србија ќе постави услови се протолкувани како недостаток на волја да се постигне договор за нормализација на односите со Приштина. Затоа германската страна го засилила притисокот веќе сега во документ на Европската комисија да се внесе барањето Белград како услов за добивање на датумот за започнување на преговорите за пристапување кон ЕУ да потпише некој виддоговор со Косово. Никој притоа не одредува дали тоа ќе биде спогодба, договор или некоја друга форма на согласност“, вели изворот на „Блиц“ од Брисел.

Лидерот на Демократската партија на Србија (ДСС) Воислав Коштуница денеска ја пофали новата власт во земјата дека не и’ се поклонува слепо на Европската унија, но укажа дека и натаму не постои желба за прифаќање на политиката на неутралност, што ја застапува неговата партија.