1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блиско-источната конференција на 26 ноември!?

6 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C4jv

Меѓународната конференција за Блискиот исток според палестински извори ќе се одржи на 26 ноември во Анаполис во близина на Вашингтон. Овој датум според високи палестински извори, го соопштила американската државна секретарка Кондолиза Рајс на вчерашните разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт претходно изјави дека конференцијата е планирана за крајот на ноември. Инаку САД сеуште официјално не поднела покани за учество на конференцијата, ниту соопштила конкретниот термин за нејзиното одржување.