1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Блиски преговори“ меѓу Израел и Палестинците?

2 февруари 2010

Новиот предлог на специјалниот американски пратеник Џорџ Мичел е Израел и Палестинците да почнат “блиски преговори“, кои би биле основа за директни преговори меѓу двете страни. Иницијативата ја поддржува и Ангела Меркел.

https://p.dw.com/p/LpB3
На исто мислење - Меркел и АбасФотографија: AP

Продолжување на директните преговори меѓу Израел и Палестинците е можно ако на три месеци се замрзне изградбата на еврејските населби на окупираниот Западен брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Ова го изјави претседателот на Палестинците, Махмуд Абас, на прес-конференцијата по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Продолжувањето на преговорите е честа тема на разговорите меѓу нас и американската и израелската страна, како сега, така и за време на владата на Ехуд Олмерт, истакна Абас, изразувајќи надеж дека преговорите би можеле да продолжат на таа основа.

„Сега има предлог од господинот Мичел да почнеме со таканаречени ’блиски преговори’. Ние ветивме дека ќе го разгледаме овој предлог и да преговараме со нашите браќа и пријатели.“

Постигнувањето решение е од интерес за двете страни

Deutschland Palästinenser Mahmud Abbas und Angela Merkel in Berlin
И Меркел ја поддржува иницијативата на МИчелФотографија: AP

Продолжувањето на мировните преговори меѓу Палестинците и Израел го поддржува и германската канцеларка, Ангела Меркел. Двете страни знаат дека ваквите преговори се неопходни, бидејќи од интерес на двете страни е да се постигне решението ’две држави за два народа’, истакна Меркел.

„Сметам дека би била добра идеја да се почнат вакви ’блиски преговори’, на кои уште еднаш би се утврдиле стартните позиции за директните преговори, кои ќе донесат напредок. Сметам дека и Израел има позитивно мислење за ваквиот предлог, а се надевам дека и палестинската страна позитивно ќе одговори.“

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас во ноември го одби предлогот на Израел за десетмесечно стопирање на населувањето, оценувајќи го како недоволно за постигнување напредок во преговорите.

Автор: ТТ/АТ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска