Блискиот Исток влегува во нова неизвесност
20 август 2011Серијата крвваи напади во јужен Израел доведе до нов бран насилство и предизвика дипломатска напнатост меѓу Израел и Египет.
Во израелските воздушни напади во Појасот Газа според палестински информации од четвртокот вечерта досега биле убиени 14 лица а околу 45 ранети. Екстремистите пак во овој перидо како што тврдат израелските медиуми истрелале околу 45 саморачно направени ракети и гранати во правец на Израел, од кои биле повредени најмалку 11 луѓе.
Дипломатска напнатост на релација Египет-Израел
Владата во Каиро реши да го повлече својот амбасадор од Израел додека од соседната држава не стигне извинување и додека да стигнат резултатите од официјалната истрага за смртта на петмина египетски граничари. Според извештаите, граничарите биле застрелани во акцијата на израелските безбедносни сили кои ги гонеле осомничените палестински терористи, кои во четвртокот јужно од Еилат убија осуммина Израелци и ранија 31 лице.
Египетскиот премиер Есам Шараф му се закани со консеквенци на Израел за убиството на египетските војници.
„Крвта на Египќаните е премногу вредна за да смее да биде пролевана без одговор“, пишува Шараф на фејсбук. Она што можеше да биде прифатено пред револуцијата, по неа не е можно. Пред израелската амбасада во Каиро демонстрираа стотици луѓе, барајќи протерување на израелскиот амбасадор.
Израел го возвраќа обвинението
Израелскиот министре за одбрана Ехуд Барак го обвини Египет за соодговорност за нападите на југот на Израел.
„Нападите се доказ за недоволната контрола на Египќаните на Синајскиот полуостров и за тамошното јакнење на терористичките групи“, се вели во соопштенмие на израелското министерство за одбрана.
Меѓу загинатите наводно биле и двајца водечки членови на екстремно радикалната група „Комитет на народниот отпор“. Според Израелците, двајцата биле целно застрелани. Оваа организација меѓутоа демантира секкава поврзаност со серијата терористички напади во јужен Израел.
Членот на палестинската организација Фатах во Западниот Брег, Набил Шатах, остро ги критикуваше израелските напади, со кои според него израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака само да го одвлече вниманието од социјалната криза во сопствената земја.
Арапската лига свика кризна седница
Поради избувнувањето на нов бран насилство на Блискиот Исток, Арапската лига свика итна седница. На барање на Палестинците претставниците на 22 членки утре во Каиро ќе разговараат за опасната ситуација во Појасот Газа. Претставникот на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон, на викендот ќе патува во Израел и во палестинските области за да ги опомени двете страни на воздржаност.
Автор: ЖА/СН/дпа/афп
Редактор: Симе Недевски