„Блеквотер“ под истрага
22 септември 2007Реклама
Американскиот Стејт Департмент нареди детална истрага за работата на приватните фирми за обезбедување на американски дипломати во Ирак, откако припадници на една таква компанија „Блеквотер“ убија 11 ирачки цивили. Постои сомневање дека оваа компанија неовластено пренесувала автоматско оружје и друга воена опрема во Ирак и ја продавала на црниот пазар. Според медиумите, двајца поранешни соработници на фирмата веќе го признале делото и најавиле соработка со истражителите. „Блеквотер“ има ангажирано околу илјада работници за обезбедување на американските дипломати во Ирак.