Битка за последните места во нокаут фазата
10 декември 2013Со натпреварите од 6.коло, денеска (10.12) ќе заврши правата фаза од натпреварите во Лигата на шампиони, во групите А, Б, Ц и Д. Пласман во осминафиналето веќе имаат обезбедено Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Бајерн Минхен и Манчестер Сити.
Бајер Леверкузен и Шахтјор се борат за второто место во А групата, нешто полесна задача ќе имаат Германците кои му гостуваат на Реал Сосиедад. Во пресрет на последното коло, Шахтјор има бод повеќе од Леверкузен.
Галатасарај и Јувентус во директен дуел ќе решат кој покрај Реал ќе оди во нокаут фазата, од Б групата. Галатасарај само со победа оди во следната рунда, додека на Јувентус му одговара и нерешен резултат.
Олимпијакос и Бенфика од Ц групата, во последната рунда влегуваат со ист број на бодови, грчкиот шампион е во подобра положба бидејќи во последното коло ќе го пречека Андерлехт.
Во Д групата уште пред две рунди е познато дека Бајерн и Манчестер Сити одат во осминафиналето, а интересен ќе биде дуелот во Плзен, помеѓу Викторија и ЦСКА Москва, кој ќе реши која екипа ќе продолжи во Лига Европа.
Група А
Ман.Јунајтед-Шахтјор
Реал Сосиедад-Баер Леверкузен
Табела: Ман. Јунајтед 11, Шахтјор 8, Баер 7, Сосиедад 1
Група Б
Копенхаген-Реал Мадрид
Галатасарај-Јувентус
Табела: Реал 13, Јувентус 6, Галатасарај 4, Копенхаген 4
Група Ц
Бенфика-ПСЖ
Олимпијакос-Андерлехт
Табела: ПСЖ 13, Олимпијакос 7, Бенфика 7, Андерлехт 1
Група Д
Баерн Минхен-Ман. Сити
Викторија Плзен-ЦСКА Москва
Табела: Баерн 15, Ман.Сити 12, ЦСКА 3, Викторија 0.