1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Битката со пожарите продолжува

11 август 2010

Русија ја продолжува смртоносната борба, за да спречи големите пожари да ги зафатат нејзините клучни нуклеарни постројки. Земјата неколку недели се соочува со најголемите горештини откако се мерат температурите.

https://p.dw.com/p/Oi5U
Фотографија: AP

Само регионот на Брјанск, на западот на Русија, на границата со Украина и Белорусија, кој по катастрофата со нуклеарната централа во Чернобил, во 1986 година, важи за подрачје со силно радиоактивно озрачување пред неколку денови гореле 28 пожари на површина од 269 хектари. Ова денеска го соопшти руската служба за заштита на шумите. Пожари имало и во други региони со радиоактивно загадување и тоа во околината на Челјабински во Урал, каде што се наоѓаат и повеќе атомски постројки.

Russland Brandkatastrophe
Фотографија: AP

„Има карти на кои може да се види радиоактивното загадување и има карти на кои може да се види пожарите. Ако се споредат овие карти секому ќе му стане јасно дека гореле озрачени области“, пишува на интернет страницата на службата. Претходно и организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ говореше за десетици пожари во подрачјата со силна радијација, но руските власти го негираа тоа и порачаа дека ја држат ситуацијата под контрола.

Невообичаено отворено за опасноста за овој регион говореше министерот за заштита од катастрофи Сергеј Шојгу: „Ако таму избие пожар, нема во воздухот да се испуштат само вообичаените штетни материи, туку и радиоактивни честички и може да настане нова озрачена зона. Затоа, ние, значително го засиливме нашето присуство таму.“

Ризикот е голем

Waldbrände in Russland
Фотографија: AP

Но, заканата и натаму постои. Не е потребно многу за да избијат нови пожари во регионот во кој подолг период не паднал дожд. Ризикот е голем, предупредува екологот Николај Шматков: „Ако шумата почне да гори, можат облаците кои содржат прашина и радиоактивни честички да се најдат во повисоките слоеви на атмосферата и на тој начин да поминат подолги релации и прашината и честичките да стигнат до населени места.“

Меторолозите не предвидуваат промена на временските услови

За Германија и поголеми делови од Европа, германската управа за заштита од радиоактивно зрачење пренесе смирувачка порака. Таа соопшти дека искуството покажало оти облаците со чад предизвикани од пожари во овој регион ретко достигнуваат височини на кои ветерот во висока концентрација би ги раширил до средна Европа.

Waldbrand in Russland
Фотографија: picture alliance/dpa

За разлика од ова, водечките метеоролози во Русија, објавија прогнози кои воопшто не охрабруваат: „Ситуацијата нема да се смени драматично во наредните 10 денови“, изјави Дмитри Киктјов, заменик директор на државниот Хидрометеоролошки центар. Според него, температурата незначително ќе се промени, а ќе има само локални врнежи, кои нема да бидат доволни да се смири ситуацијата со пожарите, во кои досега загинаа 54 лица.

Автор: СН/ ЕМФ/ дв/ афп/ ртре

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема