1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бискупите дадоа дозвола за „пилула потоа“

ЕМФ/дв21 февруари 2013

Католичките болници во Германија во иднина ќе смеат да препишат „пилула за потоа“, заклучено е на Германската бискупска конференција. Сепак, пилулата ќе се дава само во одредени случаи.

https://p.dw.com/p/17jOX
Фотографија: picture-alliance/dpa

На крајот на својата пролетна конференција, германските бискупи се зафатија уште еднаш со исклучително контроверзната тема за тоа - дали лекарите во католичките болници смеат да препишуваат или не таканаречени „пилули за ден потоа“. Бискупите дозволија препишување на вакви таблети во случаи кога тие треба да спречат бременост, но не и во случаи кога таблетите имаат „абортивно дејство“. Лекови кои предизвикуваат смрт на ембриони не смеат да се употребуваат, соопштено е по Бискупската конференцијата.

На ваквата одлука и‘ претходеше многу жестока дебата во германската јавност предизвикана од случајот на млада силувана девојка во Келн, која била одбиена од страна на две католички болници, односно  не добила „пилула за потоа“.