Бил Гејтс повторно најбогат човек
17 мај 2013Ако им се верува на проценките на финансиската агенција Блумберг, Бил Гејтс е најбогатиот човек во светот. На индексот на милијардери на Блумберг основачот на „Мајкрософт“ го надминал мексиканскиот тајкун Карлос Слим Хелу. Имотот на Гејтс се проценува на 72,7 милијарди долари, додека на Мексиканецот на 72,1 милијариди долари.
Причина за ваквиот развој според Блумберг е покачениот курс на акциите на „Мајкрософт“. Наспроти ова имотот на Карлос Слим Хелу беше погоден од нов закон во неговата татковина, кој треба да ја скрши моќта на пазарот на претпријатието за телекомуникации.
Блумберг секојдневно ја актуализира својата листа. Според листата на американскиот магазин „Форбс“ која се објавува еднаш годишно пак (последен пат во од март годинава) Карлос Слим Хелу е водечки милијардер со 73 милијарди долари, пред Гејтс со 67 милијарди долари и модниот гигант Аманико Ортега („Зара“) со 57 милијарди долари. На четврто место е иконата од Вол стрит Ворен Бафет со 53,5 милијарди долари.