Бил Гејтс останува најбогат Американец
20 септември 2012Реклама
Според магазинот „Форбс“, основачот на Мајкрософт Бил Гејтс располага со над 66 милијарди долари, што значи дека неговотот богатство во споредба со минатата година се зголемило за уште седум милијарди долари. По Гејтс на листата следува инвестицискиот гуру Ворен Бафет со богатство од 46 милијарди долари. На трето место е Лери Елисон, шеф и основач на софтвер-концернот Оракл, кој има 41 милијарда долари.
Богатството на 400-тините најбогати Американци, според „Форбс“, изнесува околу 1,7 илјади милијарди долари. Основачот на Фејсбук Марк Закерберг падна на ранг листата, поради тоа што неговото богатство од 17,5 милијарди се „стопи“ на 9,4 милијарди долари. Закерберг е најголемиот губитник во изминатата година, оценува „Форбс“.