Билт на средба со македонскиот државен врв
27 ноември 2009За време на својот престој претседавачот со ЕУ Карл Билт, според соопштението на македонската влада, имал заедничка неформална средба и вечера со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
Во соопштението се наведува дека на средбата се разговарало за евроинтегративните процеси, при што Билт изразил задоволство и и’ честитал на Република Македонија за досегашните успеси во спроведувањето на реформите и модернизацијата на општеството, како и за позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, се наведува во соопштението.
На средбата станало збор и за идните перспективи на Република Македонија и продолжување на реформските процеси во државата, а покрај разговорите за спорот со Република Грција за името, била изразена и надеж за скорешно решавање на се’ уште нерешените прашања. Притоа, уште еднаш било повторено дека е потребно побрзо надминувањето на недоразбирањата меѓу Скопје и Атина.
Автор: АТ/миа/макфакс