1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бејрут-Продолжи процесот за куфер-бомбите

18 април 2007
https://p.dw.com/p/AgCl

Под засилени безбедносни мерки во Либан продолжи процесот против едно од осомничените лица за подметнување на куфер бомби во германскиот град Келн и уште три други лица обвинети за соучесништво. Постапката против младите Либанци започна пред една недела во суд во Бејрут. Првообвинетиот пред процесот призна дека во јули 2006-та година во Келн оставил куфер-бомба во еден воз. Другиот осомничен подметнувач на куфер-бомба го очекува судски процес во Германија.