Беснеат пожари во САД – едно лице загина
9 јули 2007Реклама
Едно лице го загуби животот, а над стотици се евакуирани поради пожарите кои беснеа во американските сојузни држави Јужна Дакота, Невада и Вашингтон. Големите горештини во западниот дел на САД предизвикаа над 50 пожари од кои до сега се зафатени околу 150 илјади хектари шума во Калифорнија, Ново Мексико, Аризона, Невада, Орегон, Ајдахо и Монтана.
Поради пожари и во турското одморалиште Бодрум беа евакуирани два големи хотела и неколку ќуќи. Во пламен се 500 хектари шума, но силниот ветар претставува опасност од шиерење на огнената стихија.