Бесими на средба со Аврамопулос
2 мај 2013Реклама
Македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Фатмир Бесими на 8 мај ќе ја посети Атина и ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Аврамопулос.
Како што соопшти кабинетот на Бесими, на средбата ќе се разговара за билатералната соработка и за европските интеграции. Претходно денеска, како што јави дописникот на МИА од Атина, посетата на Бесими на Атина ја најави грчкото Министерство за надворешни работи.
Други детали за претстојната средба на Бесими со Аврамопулос не се соопштени.