Берлин: Мисијата на Косово продолжена
25 мај 2012Во иднина на Косово би требало да бидат стационирани до 1.850 германски војници. Во моментов, НАТО на Косово има околу 6.200 војници. Најголем е германскиот контингент со 1.300 војници.
Германските војници, пак, кои беа испратени на Косово дополнително пред одржувањето на изборите во Србија, денеска во текот на денот треба да се вратат назад. Портпарол на министерството за одбрана во Берлин изјави дека 160 војници денеска треба да се вратат во Штутгарт, а останатиот дел ќе остане на Косово до почетокот на јуни.
Баталјонот се состоеше од вкупно 500 германски и 150 австриски војници. Војниците беа испратени во регионот превентивно, поради тоа што НАТО и ЕУ проценија оти силите на КФОР пред изборите во Србија не се доволни за да спречат можни судири на Косово.