1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин – изложба на импресионисти

31 мај 2007
https://p.dw.com/p/AntS

Германскиот претседател Хорст Келер вчера во Берлин ја отвори изложбата со дела на француските импресионисти позајмени од Метрополитан музејот во Њујорк. На изложбата можат да се видат дела на Сезан, Моне, Гоген и други големи мајстори. За нивните револуционерни дела од 19. век кураторот на изложбата Ангела Шнајдер изјави:

“Сликите стануваат полесни, со повеќе бои и со помалку сенки... и немаат повеќе темна подлога. Тие се повеќе свртени кон животот и помалку се патетични.“

На изложбата што ќе трае до 7 октомври се очекуваат повеќе од половина милион посетители.