1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бериша-Тачи: Да не се даваат етнички конотации на инцидентите

СН/ЕМФ/макфакс19 април 2012

Петкратното убиство кај Смилковци да не биде повод за поттикнување конфликти и на него да не се гледа низ етничка призма, побараа во одделни изјави премиерите на Албанија и на Косово.

https://p.dw.com/p/14h8K
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Албанскиот премиер Сали Бериша повика македонските власти да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.

„Убиството на петтемина рибари е злосторство, но е неприфатлива и проекцијата за колективно обвинување. Сторителите да се пронајдат и да се изведат пред лицето на правдата. Овие инциденти не смеат да бидат причина за поттикнување конфликти“, изјави Бериша.

Косовскиот премиер Хашим Тачи, пак, побара македонските граѓани да не потпаѓаат под провокации и апелираше за мудрост, зрелост и меѓуграѓанска толеранција.

„Мојата порака за сите граѓани на Македонија е за мир, стабилност, за соработка и под никакви услови да не дозволи политиката да биде жртва на поединци, групи или структури кои сакаат дестабилизација на Македонија и на целиот регион“, вели косовскиот премиер.