1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белорусија потклекнува под притисокот на ЕУ

Александар Методијев /ројтерс/миа15 април 2012

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го ослободи осудениот опозициски лидер Андреј Саников, откако ЕУ воведе нови санкции за поранешната советска република.

https://p.dw.com/p/14eCN
Фотографија: dapd

Саников е поранешен заменик-министер за надворешни работи и претседателски кандидат. Тој беше осуден минатата година на пет години затворска казна за учеството во протестите што го оспоруваа повторниот избор на Лукашенко во декември 2010-та.

Саников рече дека е ослободен од затворската казна со помилување, што би можело да ја смири дипломатската тензија меѓу Минск и ЕУ, од каде постојано се лобира за поголеми слободи во земјата.

„Ова е резултат на солидарност. Без солидарност немаше да има одлука од Лукашенко. Она што сакам да го направам е да си ја видам фамилијата“, рече Саников од Витебск во телефонски разговор со новинарите.

ЕУ веќе долго време бараше ослободување на Саников, наметнувајќи забрани за патување и замрзнувајќи средства на голем број белоруски службеници и бизнисмени со цел да се обезбеди неговата слобода. Притисокот предизвика дипломатски спор со Минск во февруари, што доведе до тоа сите 27 амбасадори од ЕУ да ја напуштат земјата.

Белорускиот опозиционер беше уапсен на 19 декември 2010 година на масовните демонстрации по претседателските избори. Демонстрантите тогаш бараа поништување на изборите поради кражба на гласови и неправилности. Саников беше меѓу седумте кандидати за изборите кои беа уапсени по изборите. Тој беше осуден на затвор од пет години заради организирање бунт. Од седумтемина уапсени во затвор е се’ уште Николај Статкевич.

Активистите за заштита на човековите права обвинуваат дека во белоруските затвори се’ уште се наоѓаат околу 15 лица кои се осудени поради политички причини.