Белград и Приштина на директни разговори
28 септември 2007Реклама
Претставниците на Белград и Приштина денеска во Њујорк ќе се сретнат на први директни разговори за идниот статус на Косово со посредство на меѓународната тројка. Српската делегација ја предводат претседателот Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница. На чело на косовскиот тим се претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Агим Чеку. Претставниците на меѓународната контакт група на вчерашните разговори не постигна напредок околу прашањето. Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Милибанд ги повика Белград и Приштина со конструктивни преговори да дојдат до прифатливо решение. Крајниот рок за преговорите е 10 октомври, кога контакт групата треба да му поднесе извештај на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.