Белгискиот премиер понуди оставка
11 јуни 2007Реклама
По поразот на неговата Либерална партија вчерашните парламентрни избори белгискиот премиер Ги Ферхофштад понуди оставка . Белгискиот крал Алберт го замоли Ферховфштад да ги извршува своите функции се до составувањето на новата влада.. Според првичните службени резултати од вчерашните избори опозиционите Христијано демократи се најсилна партија со 30 од вкупно 150 мандати. Либералната партија во новиот парламентарен состав ќе биде застапена со 18 пратеници. Со оглед на многубројните изгледи за коалицирање набљудувачите очекуваат комплицирана постапка до формирање на новата влада.