1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без согласност за пакетот за излез од финансиската криза

26 септември 2008

Финансиската криза во САД продолжува. Банката „Вашингтон Мјутуал“ е новата жртва - дел од неа ќе биде продаден за 1.9 милијарди долари. Постојат потешкотии околу спасувачкиот пакет за американските банки.

https://p.dw.com/p/FPIm
Кризната средба во Белата куќа не донесе резултат, еден од кандидатитре за претседател, Џон МеккејнФотографија: AP

Најголемата банка во САД, „Вашингтон Мјутуал“, во најголем дел ќе биде преземена од финансискиот концерн „Џ.П. Морган.“ Банката со седиште во Сиетл, пред кратко време самата објави продажба, поради проблемите со кредитната криза во САД. Таа беше соочена со загуби во милијарди и беше под засилен државен надзор. Во последната година „Вашингтон Мјутуал“ загуби 90% од својата берзанска вредност.

Verkaufsgespräche über US-Sparkasse Washington Mutual
Уште една жртва на финансиската кризаФотографија: AP

Тешкотии во врска со планираниот спасувачки пакет

Во меѓувреме со потешкотии се одвиваат и преговорите за планираниот спасувачки пакет за американските финансиски пазари. Малиот кризен самит во Белата куќа не го донесе посакуваниот резултат. Имено, американскиот претседател Џорџ Буш ги покани на разговори во Белата куќа претседателските кандидати на Републиканците и Демократите, Џон Меккејн и Барак Обама, како и водечки членови на Конгресот. Причина за неуспехот на разговорите се разлики во мислењата меѓу Републиканците, но задршки во однос на планот на владата имало и од страна на Демократите. И покрај тоа, и двете големи партии и натаму имаат намера заеднички да делуваат за надминување на кризата.

Претходно владееше оптимизам

Пред средбата во Белата куќа членови на конгресот соопштија дека двете партии во рамките на надлежните комисии постигнале согласнот за програмата. Сенаторот од редовите на Демокртите Кристофер Дод во Вашингтон рече:

„ Постигнавме основна согласност за сет принципи.“

Републиканскиот сенатор Боб Бенет пак појасни

„Најохрабрувачко е дека очекувам план што може да помине во Конгресот , во Сенатот и да биде потпишан од претседателот.“

Со финансиската помош од 700 милијарди долари предвидено е владата да ги купи пропаднатите кредити на банките. Се очекува Конгресот повторно да расправа за пакетот.