1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без казни за ФСМ

21 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ayqp

Светската фудбалска федерација ФИФА и Европската фудбалска унија УЕФА се откажаа од суспензија на Фудбалскиот сојуз на Македонија,откако властите престанаа да се мешаат во неговата работа.Двете организации планирале вчера да ја објават суспензијата на Фудбалскиот сојуз на Македонија.Но,ситуацијата се променила ,па македонските клубови ќе можат да учествуват на меѓународни натпревари.Причина за планираната суспензија беше тоа што полицијата во јануари ги претресла просториите на Фудбалскиот сојуз и привела неколку негови претставници.