Без заклучок по парламентарната седница за случувањата во Бродец
14 ноември 2007Реклама
Вонредната собраниска седница, за неодамнешната полициска акција во Бродец, вчера заврши без заклучоци. На седницата пратениците на ДПА и ДУИ разменија меѓусебни обвинувања за полициската акција. На вонредната седница не учествуваа пратениците од опозиционите СДСМ и ЛДП во знак на протест затоа што претходно беше прекината седницата за интерпелација на заменикот министер за внатрешни работи Рефет Елмази.