1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без датум за старт на пристапните преговори во 2008-ма

6 ноември 2007

Почетокот на преговори за прием на Македонија во ЕУ зависи од тоа кога таа навистина ќе биде во состојба да ги спроведе неопходните реформи за тоа -порача денеска во Брисел ,еврокомесарот за проширување Оли Рен

https://p.dw.com/p/C4lE
Оли РенФотографија: AP
Евромесарот Рен очекува 2008-ма година да означи нов момент во односите меѓу ЕУ и Балканот . Ако бидат исполнети сите услови и ЕУ ќе биде во можност да ги комплетира договорите за стабилизација и асоцијација со сите земји во регинот. Со оваа оптимистичка констатација еврокомесарот ја започна денешната пресконференција во која меѓутоа следуваше кратко претставување на извештаите за напредокот на земјите од регионот на патот кон ЕУ во кое тој истакна оти прогресот во земјите не бил еднаков и оти регионот како целина мора да продолжи со изградбата на демократијата , политичката култура и толеранцијата .

Рен порача дека не е претскажувач

Многу од овие забелешки се состојани и во извештајот за Македонија . Земјата го има потпишано договорот за стабилизација и асоцијација од поодамна а од 2005-та официјално е и кандидат за членство во ЕУ . Меѓутоа посакуваниот датум за преговори како нема да го добие ни во 2008-ма . Оли Рен на денешната конференција како што се очекуваше не го предложи тоа. Тој низ анегдота од неговата земја Финска порача дека не сака да прогнозира за тоа:

“Во земјата што најдобро ја познавам Финска , имаше композитор кој се викаже Жан Сибелиус, кој сакаше ноќни забави. Едно утро пред 100 години ,во еден рестроран во центарот на Хелсинки во шест часот на утро неговата жена му се јавила и го прашала. Драги кога ќе си дојдеш дома. Тој и одговорил драга јас сум композитор а не претскажувач ”

Неопходен е поконструктивен политички дијалог

Смеата на присутните новинари Рен меѓутоа ја прекина со конкретната порака:

” Навистина зависи од тоа кога засегната земја навистина ќе биде во состојба да ги спроведе неопходните реформи за да можеме сериозно да разговараме за почетоко на пристапните преговори ”- истакна Рен.

Континуираните политички тензии во земјата ги одложуваат реформите . ЕУ сака да види поконструктивен политички дијалог со цел реформите да добијат нов поттик наредната година- порачува Европската Комисија во нејзиниот извештај . Еврокомесарот Оли Рен кон тоа придодаде :

" Меѓутоа во истовреме постои јасна потреба за комплетирање на реформата во правосудтсвото исто како обезбедување инплементација на законот за полиција во земјата. А за сето ова секако би била пожелна и неопходна поконсензуална политичка клима во земјата.”

Истакнат прогресот во борбата против корупцијата

Меѓу најголемите забелешки на Европската Комисија е и степенот на професионалност односно непрофесионалност и политизацијата на јавната администрација во Македонија , за која Брисел се сомнева дека може да ги спроведува неопходните реформи.

Еврокомесарот меѓутоа упати и на добрите страни на извештајот , односно добрите оценки за економските реформи во Македонија Пофални зборови Рен пред се имаше за прогресот во борбата против корупцијата :

“Транспаренси интернешнл повисоко ја рангираше Поранешната југословенска република Македонија за нејзините перформанси во изминатата година што е многу позитивно , и што делумно е поврзано со некои чекори во реформите во правосудството и спроведувањето на антикорупциските закони” –истакна во Брисел еврокомесарот Рен.