1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безредија во Полска

ЕМФ/дв/бета12 ноември 2013

На манифестациите по повод полската незваисност, во Варшава дојде до тешки безредија меѓу националистите и полицијата. Неколку десетици учесници во безредијата се уапсени.

https://p.dw.com/p/1AFhx
Фотографија: Janek Skarzynski/AFP/Getty Images

Маршот на независност во Варшава, со кој полските радикали ја одбележија 95-та годишнина од повторната независност на Полска, се претвори во безредија и тепачки со полицијата. Во синоќешните (11.11) насилства се повредени најмалку четворица полицајци. Демонстрантите фрлаа со камења, молотови коктели, палеа автомобили, а запалија и едно стражарско место пред руската амбасада. Полицијата, која одговори со водени топови и солзавец, соопшти дека се уапсени 30 лица.

Демонстрантите, облечени главно во црно, маршираа со знамиња низ центарот на Варшава и скандираа пароли како „Бог, чест, татковина“. Дел од демонстрантите носеа капи со кои се маскираа, а други лицето го имаа покриено со навивачки шалови. Во моментите кога полицијата се обиде да ги расчисти првите безредија, дел од демонстрантите (неколку стотици од околу 50.000 учесници на маршот) заминаа пред руската амбасада. Со оглед на тоа што полицијата веќе го имаше блокирано делот пред амбасадата, насилниците се обидоа да продрат во амбасадата одзади. Тие фрлаа и молотови коктели во насока на амбасадата, при што беа запалени два автомобила и една стражарска куќичка.

Warschau Ausschreitungen zu Jahrestag 11.11.2013
Фотографија: Janek Skarzynski/AFP/Getty Images

Полскиот премиер Доналд Туск ги осуди насилствата. „Она што се случи е неприфатливо“, рече тој. Претходно, портпарол на полското Министерство за надворешни работи изјави дека нема оправдување за хулиганство.