1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалска драма на брод од Либија

5 август 2011

Крајбрежната стража на Италија ги спасила преживеаните патници на еден брод со бегалци, кој не можеше понатаму да плови. Меѓутоа претходно на бродот кој доаѓал од Либија починале најмалку 100 бегалци.

https://p.dw.com/p/12Bc5
Брод со нелегални имигранти пристигнува на ЛампедузаФотографија: picture alliance/dpa

Стотина имигранти починале на бродот што минатиот петок исплови од Либија, а денеска пристигна на италијанскиот остров Лампедуза, изјави за агенцијата Анса една мароканска имигрантка. Таа додала дека мртвите тела биле фрлени во море.
„Бевме 300, но стотина, во главно жени, не успеаа да го преживеат патувањето, па мажите беа принудени да ги фрлат нивните тела во море“, раскажала Мароканката. Нејзината изјава е во спротивност со официјалните информации на
италијанската крајбрежна стража.

Таа претходно соопшти дека ги спасила преживеаните патници на еден брод со бегалци, кој не можеше понатаму да плови. Патници на бродот притоа истотака сведочеле за драматични сцени по пат, при што починале преку 100 бегалци. Нивните тела биле фрлени во морето. Повеќето од жртвите биле жени.

Кипарски брод испратил сигнали за помош откако се обидел да им помогне на имигрантите. Во почетокот на неделата италијанската крајбрежна стража откри на друг преполн брод со имигранти од Африка тела на 25 мажи кои починале од задушување.

Автор: ГЧ/ СН/ дв/ миа/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска