1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајер Леверкузен и Хановер ќе „презимат“ во Европа

Ивана Петрушевска/дв/дпа9 ноември 2012

Успешно коло за германските клубови во фудбалската Лига Европа. Три победи и едно реми, со кои сите германски претставници имаат изгледни шанси да „презимат“ во Европа

https://p.dw.com/p/16g8Q
Фотографија: Reuters

Германските претставници Баер Леверкузен и Хановер обезбедија понатамошен пласман во нокаут фазата, по вчерашните победи над австриски Рапид од 3:0, односно над финскиот Хелсинборг 3:2, во четвртото коло од фудбалската Лига на Европа. Штутгарт победи со 2:0 на гостувањето кај Копенхаген и во моментов е на втората позиција во својата група.

И Борусија Менхенгладбах имаше успешен настап на гостувањето кај францускиот Марсеј. Аранго во последните моменти од средбата постигна гол за Борусија, и ги постави конечните 2:2.

Успешно коло и за македонските интернационалци. Иван Тричковски беше стрелец за белгискиот гигант Бриж во ремито 2:2 против Њукасл, а ефикасен беше и Дарко Тасевски кој го отвори резултатот за Хапоел на самиот почеток и ја затресе мрежата на Спарта Прага (1:1).

Fußball EM 2010 Qualifikationsspiele Mazedonien Slowakei Flash-Galerie
Иван Тричковски беше стрелец за Бриж во дуелот со ЊукаслФотографија: AP

Горан Пандев на теренот ги одигра последните 20 минути за тимот на Наполи, кој со 4:2 славеше над Дњипро. Победа забележа и Стеауа, на македонскиот фудбалер Даниел Георгиевски на гостувањето кај Молде (1:2), а Марибор на Агим Ибраими претрпе пораз на гостувањето кај Тотенхем (3:1), исто како и Александар Лазевски со Партизан на домашен терен од италијански Интер (1:3).

Рубин Казан со 1:0 беше поуспешен од Нефчи, клубот на Игор Митревски кој ги одигра сите 60 минути од натпреварот.

Сигурна победи забележа Лацио, кој со 3:0 славеше над Панатенаикос во Рим, а пласман во нокаут фазата обезбедија и тимовите на Интер, Рубин, Металист и Лион.