1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајден го нагласи партнерството со Европа

АТ/ ртрд/ афпд/ дпа2 февруари 2013

Вториот ден на Минхенската конференција за безбедност продолжи со дебата за иднината на партнерството меѓу САД и Европа. На конференцијата зборуваше американскиот заменик претседател Џо Бајден.

https://p.dw.com/p/17X0D
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американскиот заменик претседател Џо Бајден вети натамошно тесно партнерство меѓу Америка и Европа. На Минхенската конференција за безбедност Бајден рече дека Европејците остануваат најблиските сојузници на САД. Исто така и претседателот Барак Обама во Европа гледа значајна потпора за ангажманот во светот. На заканите и во иднина ќе им се пристапува заеднички.

САД на Иран повторно му понудија директни преговори за атомскиот спор. Предуслов е меѓутоа земјата сериозно да го мисли тоа, вели Бајден. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле апелираше до Иран, да ја искористи шансата за преговори. Најaвата за забрзано збогатување ураниум во земјата тој ја оцени како погрешен сигнал.

Бајден бара интервенција на меѓународната заедница во Сирија

Централна тема на безбедносната конференција е ситуацијата во Сирија. Американскиот вице претседател во неговиот говор побара интервенција на меѓународната заедница во оваа земја. Тој смета дека сирискиот претседател Башар ел Асад нема никакво право да остане на чело на својата земја. Тој повеќе не бил во состојба да го води сирискиот народ и затоа мора да си оди.

На почетокот на безбедносната конференција, вчера во Минхен, актуелната состојба во Сирија беше главна тема. Специјалниот пратеник на ОН Лагдар Брахими не беше оптимист, дека наскоро ќе дојде до решение на конфликтот. Тој ги повика раскараните членови на Советот за безбедност на ОН да покажат готовност за компромис. „Итно ни е неопходен меѓунарден ангажман, а ова делување мора да доjде од Советот за безбедност“, рече Брахими.

München Sicherheitskonferenz Westerwelle Brahimi
Гидо Ветсервеле и Лагдар БрахимиФотографија: picture alliance / AP Photo

Советот за безбедност на ОН неединсвен околу Сирија

Постојаните членки на Советот за безбедност на ОН се поделени во однос на конфликтот во Сирија. САД, Велика Британија и Франција се на став дека сирискиот претседател Башар ел Асад со ангажманот на војската против цивили загубил секаков легитимитет. Русија, која испорачува оружје за режимот и Кина предупредуваат од „мешање“ во Сирија.

Со драматичен апел водачот на сириската опозиција Моас ал Катиб ја повика меѓународната заедница да интервенира во граѓанската војна во Сирија. „Тука доживуваме вистинска трагедија“, изјави тој на конференцијата за безбедност во Минхен. Владата на претседателот Асад дозволува целно да се силуваат жените и измачува деца, дури и петгодишни деца се измачуваат до смрт. Постои „неверојатна бруталност кај овој режим“, вели Ал Каиб.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле вети натамошна поддршка за сириската опозиција.