1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Башар ал Асад не знае за милост

15 август 2011

Сириската армија продолжува со употребата на сила против сопствениот народ и покрај меѓународните апели до претседателот Башар ел Асад за прекин на насилството. Минатиот викенд цел на нападите беше градот Латакиа.

https://p.dw.com/p/12GWB
Во Латакиа со месеци се одржуваат протести против АсадФотографија: picture-alliance/dpa

Воени бродови на сириската армија од Средоземното Море стрелале врз градот Латакиа. Парлалено со нападот од море, според опозиционерите, копнените сили на армијата навлегле во голем број населби на градот. Еден очевидец вака ја опишува ситуацијата:

„Утрово армијата и силите за безбедност навлегоа од повеќе страни. Пукаа насекаде. Има многу мртви и повредени. Има жртви кои не можеме да ги закопаме поради престрелката.“

Бројот на жртвите варира меѓу 19 и 26 загинати лица. Овие информации меѓутоа не може да се проверат, бидејќи во земјата нема независни набљудувачи.

Во саботата војската почна да го опколува градот со тенкови и војници. Во Латакиа со месеци се одржуваат големи протести против претседателот Башар ел Асад, последните минатиот петок. Градот со 400.000 жители излегува на Средоземното Море и таму се наоѓа најважното пристаниште во земјата. Семејството на претседателот Асад потекнува од околината на Латакиа.

No FLASH Syrien 14.08.2011 Latakia Hafen Küste Assad Aufstand
Сириската армија стрела од бреговите на Средоземното МореФотографија: AP Photo / SHAMSNN

Војници дезертираат од армијата

Очевидци инфирмираат за престрелки и дека некои од војниците преминале на страната на демонстрантите.

„Војниците, кои ја напуштија армијата, се борат со нивното сопствено оружје. Тие се обидуваат да ги заштитат граѓаните од тенковите и воените бродови. На јужниот брег се наоѓа брод кој стрела врз Латакиа. Војниците кои дезертираа се борат против армијата и двете страни стрелаат едни врз други. Ги има околу 60 до 70 лица.“

Копнените сили на сириската армија, според информации од опозицијата, навлегле и во две предградија на Дамаск и привеле голем број граѓани. Во еден кварт прекинати се телефонските врски. Напади имало и во други делови на Сирија.

Автор: Јенс Вининг/Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема