Барселона против Милан во Лигата на шампионите
16 март 2012Европскиот првак Барселона ќе мора да го мине италијанскиот Милан за пласман во полуфиналето на Лигата на Шампионите. На жрепката во швајцарскиот Нион денеска беа извлечени двојките за четврт и полуфиналните дуели во најсилното европско клупско натпреварување.
Освен големото дерби на шпанскиот и италијанскиот првак, во останатите дуели фаворитите сепак избегнаа посилни противници.
Германскиот Бајерн Минхен, чиј стадион Алијанц Арената е домаќин на финалето годинава, за противник го доби францускиот Олимпик Марсеј. Победникот од овој двомеч во полуфиналето потоа се среќава со подобриот од дуелот меѓу Апоел Никозија и Реал Мадрид.
Последната двојка ја сочинуваат португалската Бенфика и англискиот Челзи. Победникот од овој дуел за пласман во финалето ќе го очекува подобриот од двомечот Барселона-Милан.
Домаќини на првите средби се Апоел, Олимпик, Бенфика и Милан. Првите мечеви се на програмата на 27 и 28 март, а реваншите на 3 и 4 април.
Автор: БГ/дпа
Редактор: Симе Недевски