1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Champions League-Finale

28 мај 2009

Брилијантните виртуози со топка од тимот на Барселона се победници во фудбалската Лига на шампиони. Во финалето во Рим, тие го победија Манчестер јунајтед со 2:0.

https://p.dw.com/p/Hyt0
Пехарот го освои БарселонаФотографија: AP

Голот на Самјуел Ето во десеттата минута од натпреварот и ударот со глава кој заврши во голот на Манчестер јунајтед на малиот фудбалски џин - Лионел Меси во 70-тата минута, им ја донесоа на Каталонците заслужената победа во финалето и третиот трофеј на Лигата на шампиони во историјата на клубот.

„Најдобри се, најдобрата екипа на светот“, вели еден навивач и - во право е!

Победата на Барселона, извојувана на преполниот стадион Олимпико во Рим беше сосема заслужена. Манчестер јунајтед покажа премалку и освен Кристијано Роналдо ниту еден од „црвените ѓаволи“ немаше топ финална форма. Барса имаше едноставно премногу простор за игра и тоа го искористи. Тренерот на Манчестер, Алекс Фергусон, по натпреварот изјави: „Мора да му оддадеме признание на многу добриот тим на Барселона. Тука нема дилема - тие се она што се. Ако се во водство, тогаш е многу тешко да бидат поразени, зашто можат да ја задржат топката кај себе.“

Меси може се‘

Тренерот на Барселона, Пепе Гвардиола, кој е еден од ретките, заедно со Анчелоти и Рајкард, кој и како играч и како тренер станал првак на Европа, по натпреварот со полна уста пофалби за Меси: „Во првите десет минути имавме големи проблеми. Погодокот во првите минути многу ни‘ помогна. Го повлековме Меси повеќе кон средината и одевме на повеќе задржување на топката. Тоа ни‘ помогна. Меси може се‘, тој е едноставно најдобар.“

Fußball UEFA Champions League Manchester United Barcelona
Навивачите на Барселона се пресреќниФотографија: AP

Десетици илјади Шпанци ја славеа победата на Барселона во Лигата на шампиони. Според наводи на полицијата, само во центарот на Барселона ноќеска се собрале близу 80.000 навивачи за да ја прослават победата на Каталонците. Барселона, со победата во финалето во Рим, стана дел од фудбалската историја. Тоа е прв шпански клуб кој во една сезона ги освоите трите најважни трофеи - првак во шпанското првество, освојување на шпанскиот куп и Лигата на шампиони.


Автор: ЕМФ/АТ/дпа/дв

Редактор: Александра Трајковска