231111 Barroso Eurobonds
24 ноември 2011Тонот станува се’ поостар. Претседателот на Европската Комисија смета дека монетарната унија се наоѓа на крстопат.
„ Кризата покажа дека без силна економска влада во евро-зоната ќе биде тешко, ако не и невозможно да се оддржи заедничката валута“, вели Жозе Мануел Барозо. Поголема финансиско-политичка дисциплина, повеќе меѓусебна контрола вклучително и можноста национален буџет со големи дефицити да биде одбиен, ова го бара Комисјата и со тоа е на линија на Берлин.
Освен ова на германската влада и се допаѓа и предлогот на комесарот за монетарни прашања Оли Рен, во иднина Комисијата на дава предлози на Европскиот совет, кога некоја земја ќе треба да застане под чадорот за спас.
Несоодветни предлози од Европската Комисија
Меѓутоа кога станува збор за заедничките европски обврзници за германската канцеларка завршува забавата. Комисијата даде три предлози кои содржат различен степен на воопштување на долговите. Меѓутоа претседателот на Комисијата на ЕУ го лути тоа што идејата за европските обрвзници, кои сега ги нарекува обврзници за стабилност, однапред се одбива, уште пред да биде ставена на маса.Во Брисел тој изјави дека идејата „ќе го најде својот пат“, исто како што пакетот за спас по почетниот отпор сепак се реализира.
Меѓутоа и Вернер Ланген, шеф на пратеничката група од ЦСУ во европскиот парламент, кој честопати има поинакво мислење од неговите сопартијци во Германија е против оваа идеја:
„ Предлогот е несоодветен, исто како што изминатото лето беше несоодветно писмото од Комисијата. Прво ни е потребна пормена на договорот во кој ќе се пробие фискалната унија. Дури тогаш може сериозно да се провери, дали може да се најде пат за воопштување на дел од долговите на земјите членки.“
Каква да биде улогата на ЕЦБ?
Спротивставени ставови имаат Европската Комисија и Германија и околу улогата на Европската централна банка. Барозо јасно го поздравува купувањето на државни обврзници од Централната банка.
„ Европската централна банка мора да дејствува согласно договорот. Уверени сме дека ќе ги преземе сите можни мерки, се разбира не само за да обезбеди стабилност на цените туку и финансиска стабилност, што всушност веќе го прави.“
Германската влада меѓутоа е против. Претседателот на германската сојузна банка Јенс Вајдман нагласи дека задачата на Европската централна банка е пред се’ да ги одржува цените стабилни. Оттука дебатата во моментов се заострува, најмалку по овие две точки.
Автор: Кристоф Хаселбах/ Александра Трајковска
Редактор: Симе Недевски