1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барозо врши притисок врз Унгарија

Sime Nedevski25 јануари 2012

Европската комисија го зголемува притисокот врз Унгарија во спорот околу повеќето унгарски законски решенија, кои според Комисијата се во спротивност на европското право.

https://p.dw.com/p/13pOE
Барозо му порача на Орбан дека европските закони мора да се почитуваатФотографија: dapd

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, по синоќешната (24.01.2012) средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека eвропските закони мораат да се почитуваат. Тој, како што рече, му појаснил на премиерот Орбан што треба да преземе за да одговори на загриженоста на Комисијата во однос на правните прашања. Комисијата на 17 јануари отвори правна постапка и побара од Будимпешта одговори на низа прашања во врска со контроверзните закони за Централнатa банка, заштита на податоците, пензионирање на судиите и обвинителите.

Viktor Orban EU Tadel Ungarn Sparmaßnahmen
Орбан е подготвен да зборува за сите прашања, без оглед на тоа колку се тешкиФотографија: AP

Барозо по средбата со Орбан ги потенцираше и обвиненијата на опозицијата дека унгарската влада концентрира многу власт.

„Целосно сум подготвен отворено да зборуваме за сите прашања независно колку се тешки и да направам заклучок ако е можно заеднички да дојдеме до некои ставови и да најдеме согласност“, изјави Орбан.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц пак го повика Орбан да не дејствува спротивно и да направи повеќе за помирување на народот.

Автор: СН/ АМ/ дпа/ дв/ миа

Редактор: Александра Трајковска