1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барнс во Атина

11 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AqOU

Косовското прашање и напредокот на земјите од Јадранската Група, Македонија, Албанија и Хрватска за влез во НАТО беа главните теми на разговортите на американскиот државен подсекретар Николас Барнс со грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани.

САД го поддржуваат влегувањето на Хрватска во НАТО бидејќи веруваат дека замјата ги исполнува сите услови. Македонија и Албанија треба да спроведат дополнителни реформи. Според Барнс, НАТО сеуште нема донесено одлука за пристапувањето на Македонија. Тоа ќе се случи во април или мај 2008 година. Американскиот државен подсекретар смета дека прашањето за името под кое Македонија ќе пристапи во НАТО ќе го реши Алијансата и земјата која поднесува барање за членство.