1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барање за продолжување на паузите на фудбалското полувреме

25 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AeoG

Германската фудбалска лига побара дозвола од Светската фудбалска федерација за продолжување на паузата меѓу двете полувремиња на фудбалските натпревари за да се поттикне продажба на колбаси и пиво. Според барањето на Бундеслигата, паузата треб ада се продолжи за пет минути - од 15 на 20. Во образложението на официјалното барање се наведува дека сегашната пауза не овозможува доволно време за сите навивачи да бидат услужени. Бундеслигата во прилог достави и истражување на еден од клубовите - Шалке 04, според кое продолжувањето на одморот на клубовите би им донесло дополнителни 375 илјади долари годишно. Од друга страна, дополнителното време меѓу двете полувремиња, би и' донесол поголем профит на германската телевизија, која би можела да емитува повеќе реклами. Сепак, не сите се согласуваат со предлогот. Менаџерот на Волфсбург, Петер Пандер, на пример вели: "Фудбалот мора да остане во средиштето на вниманието. 15 минути пауза се во ред." Скепсата е голема и кај тренерите на клубовите, кои сметаат дека 20 минутна пауза премногу би ги оладила играчите. Предлогот на претставниците на Бундеслигата треба да биде официјално претставен на состанокот на бордот на ФИФА, на 29 февруари.