1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барања за повлекување на Македонската енциклопедија

22 септември 2009

Партиите на македонските Албанци, невладини здруженија и интелектуалци протестираа пред МАНУ, барајќи повлекување на новоиздадениот проект, кој, како што тврдат, ја фалсификува историјата.

https://p.dw.com/p/JmAA
Повод за протестиФотографија: Petr Stojanovski

Албанците во Македонија жестоко протестираат против новоиздадената Македонска енциклопедија. Текстовите во неа се политички и етнички расизам, велат тие.

На протестите пред седиштето на МАНУ беше побарано оваа институција итно да ја повлече енциклопедијата, да се извини на Албанците, а потоа да ангажира албански историчари и да напише нова верзија.

„Сметаме дека првата енциклопедија на Македонската академија го загрозува уставниот мултиетнички карактер на Македонија, поттикнува меѓуетничка омраза, ја фалсификува историјата на албанскиот народ, ги присвојува најсветлите фигури на албанскиот народ како што е Мајка Тереза, ги навредува тешко чувствата на секој Албанец, им нанесува штета на нашите американски и британски пријатели, како и со целиот цивилизиран свет“, рече Ардиан Лимани, од невладината организација „Разбуди се“.

Mazedonische Akademie für Wissenschaft und Kunst
МАНУ во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Барањата ги поддржаа сите партии на македонските Албанци, а на протестот беa присутни повеќе историчари Албанци.

Албанците реагираат оти во првата Македонска енциклопедија се именуваат како Шиптари и Планинци, а се наведува дека насилно се вселиле во Македонија во 16-тиот век, истиснувајќи ги Македонците.

Со реакција се јавија и американската и британската амбасада за делот во кој се споменува дека нивни специјалци во 2001 ги обучувале припадниците на ОНА.

Не е исклучено до крајот на неделава да заседава Редакцискиот одбор на Македонската енциклопедија, што го предводи академик Блаже Ристески.

Автор: ЖА/СН/АЧ