Барањата за оставка на Олмерт се погласни
2 мај 2007На Ехуд Олмерт очигледно му се избројани деновите во кои ќе ја извршува функцијата премиер: израелските медиуми доцна синоќа јавија дека во рамките на неговата Кадима партија се воделе разговори за негово брзо повлекување од функцијата. Водачот на парламентарната група на Кадима Авигдор Јицаки собираше и потписи за писмо кое денеска треба да му се предаде на Олмерт и во кое се бара оставка на премиерот. Според државната телевизија мнозинстовото од 29 членови на пратеничката група на Кадима ќе ја поддржат оставката.
Но статутите на партијата формирана пред една и пол година од тогашниот премиер Ариел Шарон не дозволуваат претседателот да биде симнат од функцијата. Тоа е можно само со доброволна оставка или внатрепартиски нови избори на кои Олмерт би можел да биде сменет ако одбие да поднесе оставка.
Утре во парламентот се очекува дебата по најновиот извештај на истражната комисија во врска со минатогодишната војна со Либан, а за денеска попладне на плоштадотот Рабин во Тел Авив се очекуваат десетици илјади луѓе кои ќе бараат оставка на Олемрт. Првите демонстранти вчера пеш пристигнаа во Тел Авив „Олмерт поднеси оставка“ бараа тие преку мегафон
Според анкетите повеќе од две третини од Израелците сметаат дека премиерот Олмерт и министерот за одбрана Перец треба да сносат консеквенции. Имено на двајцата политичари во изражниот извештај им се префрлуваат големи грешки и преземање погрешни потези во текот на првите денови од војната со Либан. Оставка бара и овој демонстрант од јужно израелскиот Сдерот, кој со месеци бил изложен на касам ракетите на палестинските екстремисти „Олмерт и Перец имзинатото лето направија грешки и сега ги прават ден за ден на југото на земјата.“
Блиски соработници на Олмерт навестуваат дека на премиерот му е јасно оти постојаните јавни протести може да го придвижат да поднесе оставка на функцијата. Израелската телевизија Канал 10 јави и дека заменичката на Олмерт, министерката за надворешни работи Ципи Ливни, во круг на блиски сорабтиници изјавила цитата Олмерт мора да си оди. Ливни изминативе денови и недели речиси и се повлече од јавноста и се смета за најизгледен кандидат за наследник. Сепак за највисоката владина функција интерес пројавува и 83 годишниот Шимон Перес.