Барадеј примен од иранскиот претседател
12 јануари 2008Реклама
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеј во Техеран се состана со иранскиот претседател махмуд Ахмадинеџад. За јавноста досега не се соопштени никакви подробности за разговорот. Во текот на попладнево ел Барадеј треба за прв пат да разговара и со иранскиот духовен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој повеќе пати решително отфрли запирање на облагородувањ ураниум, што го бара Советот за безбедност на ОН.
Претходно Мохамед ел Барадеј побара од Иран до март да достави информации за нејасните прашања од иранската атомска програма и да се погрижи за „максимална транспарентност“.