Бан Ки Мун доаѓа на Балканот
15 јули 2012„Ова подрачје мина низ големи искушенија и трауми. Но, низ целиот регион се видливи знаци на напредок. Гледам динамизам и посветеност да се надминат проблемите и да се тргне напред. Треба да ја поддржиме консолидацијата на тоа што е постигнато и да ги негуваме силите на хармонија и интеграција. Затоа моето патување ќе биде насочено кон иднината“, изјави Бан пред дописниците на земјите од регионот.
Бан притоа најавил дека доаѓа во посета на „шест држави и на Косово“. Тој навел дека негова должност е да ја посети мисијата на ОН на Косово.
„Мандатот и улогата на УНМИК ќе останат во насока на Резолуцијата 1244 и тоа е сосема јасно. Но, исто така, јасно е дека Европската унија и нејзината мисија ЕУЛЕКС преземаа поголема улога, додека таа на УНМИК е намалена. Сепак, ние и понатаму имаме многу важна мисија и мандат и ќе продолжиме со примена на Резолуцијата 1244 и останатите хуманитарни прашања, а пред се мирот и безбедноста во регионот“, изјави Бан.