1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан Ки Мун во Багдад

22 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLa

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ненајавено го посети главниот ирачки град.Според информации од светската организација,тој во Багдад сака да се сретне со ирачкиот премиер Нури ал Малики.Бан претходно од меѓународната заедница побара поддршка за новиот план за обнова на Ирак.Петгодишниот план предвидува јакнење на ирачката влада и на силите за безбедност.Меѓународната заедница треба да и помогне на земјата потресувана од кризи со финансиски,политички и технички средства.