1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан ги поздрави одлуките на Г8 за Сирија

АТ/ дпа/ ртр/ афп 19 јуни 2013

Генералниот секрeтар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази задоволство од заклучоците на самитот на Г8 за Сирија. Шефовите на држави или влади меѓу другото се заложија и за преодна влада во Дамаск.

https://p.dw.com/p/18sh5
Фотографија: picture-alliance/dpa

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го поздрави повикот на шефовите на држави или влади на водечките индустриски земји (Г8) за формирање преодна влада во Сирија. Тој исто така го поддржува и барањето, страните во конфликтот да се придвижат на преговори, рече Бан. Генералниот секретар на светската организација изрази и готовност колку што е можно поскоро да свика конференција за Сирија. Исто така и дополнителната финансиска помош во износ од 1,5 милијарди долари пред се' за бегалците, најавена на самитот на Г8 е добредојдена.

По долги натегања, државите на Г8 одлучно застанаа зад намерата за одржување на мировна конференција за Сирија и повикаа на формирање на преодна влада во Дамаск. Преодната влада би требало да биде фомирана во „взаемна согласност“, се вели во текстот. Иднината на претседателот Башар ел Асад, на притисок на Русија не се споменува во завршната декларација. Освен тоа се нагласува, дека трупите на Асад и силите за безбедност би морале да бидат „задржани или одново формирани“.