Бан бара ограничување на меѓународната трговија со оружје
4 јули 2012Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повика земјите членки на ОН да ја ограничат меѓународната трговија со оружје. „Атoмското оружје повеќе го привлекува вниманието на јавноста, меѓутоа конвенционалното оружје е тоа што секојдневно убива луѓе“, изјави Бан на отворањето на конференцијата на ОН во Њујорк.
„Изминатите години имаме постигнувања во врска со оружјето за масовно уништување, но кај конвенционалното оружје во светот нема напредок“, смета Бан.
Бан говореше на отворањето на конференцијата на ОН за ограничување на трговијата со оружје. Наредните четири недели со владите на сите 193 земји, придружувани од организации како Црвениот крст, Амнести интернешнл и Оксфам, треба да се постигне договор за транспарентност и јасни правила на пазарот со оружје. Хуманитарните организации бараат т.н. златно правило: никој да не смее да извезува оружје ако постои опасност со него да се повредат човековите права или да се поттикнуваат кризи.
Можните испорачатели на оружје како САД, Русија и Кина, како и важните купувачим, како Индија, сакаат да спречат да бидат воведени премногу строги ограничувања. Повеќето западни земји, вклучително и САД, сепак се залаагат за јасни правила.